Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Еден час трчање го продолжува животот за 7 часа

Премиерот Заев на 29 и 30 мај во официјална посета на Малта
Погрдни графити на спомен одбележјето на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Кума..
Преговорите за името се селат во Брисел
Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Здравје

Еден час трчање го продолжува животот за 7 часа
JX88J5LNxG-eden-cas-trcanje-go-prodolzuva-zivotot-za-7-casa.jpeg

Научниците од универзитетот во Ајова тврдат дека со еден час трчање го продолжувате животот за додатни седум часа, пренесува Independent.

Станува збор за додатно истражување, кое било спроведено по направената студија на институтот Купер во Далас од 2014. година. Оваа студија била објавена во списанието “American College of Cardiology”.

Резултатите од студијата откриваат дека 5-10 минути трчање дневно го намалува ризикот од појава на срцеви болести и предвремена смрт.

Списанието “Progress in Cardiovascular Disease” во април ги објавило резултатите од истражувањата, чиј автор е Дак-чул Ли, професор по кинезиологија од Ајова.

Ли и неговиот тим воочиле дека редовното трчање го намалува ризикот од предвремена смрт за 40%, независно од брзината на трчањето и бројот на поминати километри.

Кај учесниците од истражувањето е забележано намалување на смртноста за 16%, а ризикот од кардиоваскуларни болести бил намален за 25%.

Трчањето го продолжува животот, но Ли истакнува дека тоа не значи дека овој вид на физичка активност може да Ве направи бесмртни.

 18.04.2017, 11:41  | V.E. | 115

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31967
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.