Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Microsoft работи на табови за File Explorer во Windows 10

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Технологија

Microsoft работи на табови за File Explorer во Windows 10
tabshell_fileexplorer.jpg

Како корисник (односно тестер) на најразлични оперативни системи, можам слободно да кажам дека кај нас Windows е најкористен оперативен систем, но во него сепак има некои ограничувања кои особено ме нервираат. На пример, Linux дистрибуциите имаат можност за табови во File Explorer (има и Mac OS), но во Windows таа опција ја нема.

Зошто табови се добри? Затоа што секој прозорец кој ќе го отворите ќе се отвори во нов таб, што ја намалува гужвата со многу отворени прозорци. Затоа што потоа самите табови се попрегледни од неколку прозорци расфрлани по десктопот. Затоа што е работа која го смени начинот на кој сурфаме на интернет и дефинитивно го подобрува начинот на кој сурфаме по нашите датотеки во Linux.

Конечно, Microsoft се сети да ја вгради оваа опција или барем би требало да ја вгради во некоја од наредните надградби. Нешто што требаше да се случи многу одамна, сега веројатно ќе биде достапно во Redstone 3 надградбата, која ќе пристигне при крајот на годинава или пак дури во Redstone 4, кој ќе биде достапен во 2018 година.

Убавото кај оваа опција во Windows, која се вика Tabbed Shell, е што ќе функционира и со сите апликации и програми за Windows, без да има потреба дивелоперите да прават промени во неа. Да, со Tabbed Shell табови ќе има и во Office програмите, што е исто така многу барана опција од корисниците.

Единствена разлика меѓу оптимизираните и неоптимизираните апликации за Tabbed Shell е начинот на кој ќе бидат прикажани табовите во горниот дел, односно во едниот случај ќе бидат надвор од прозорецот, а во другиот ќе бидат целосно интегрирани. Како и да е, оптимизиран или неоптимизиран, Tabbed Shell е супер добредојден – веќе одамна беше време за него.

 18.04.2017, 11:34  | V.E. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19069
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.