Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

СДСМ: Многу брзо Македонија ќе живее во демократија

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

СДСМ: Многу брзо Македонија ќе живее во демократија
mkd-317173.jpg

„Насилничката реторика, заканите и криминалите ќе бидат заменети со квалитетен живот за сите и правда. Мнозинството граѓани се одлучија за заедништво и интеграција, а не поделеност и изолација. Унитарна Македонија ќе биде современа држава, во чекор со демократскиот свет, општество на сите граѓани, наместо на една фамилија. Тоа е единствениот вистински пат по кој мора да се движи државата и тоа ќе се случи, бидејки е мнозинска волја на граѓаните. Новото парламентарно мнозинство е должно тоа да им го обезбеди на ѓраганите што ги претставува во Парламентот“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека многу скоро ќе се избере нов претседател на Собранието и нова реформска влада, согласно Уставот и законите на Република Македонија.
 

 15.04.2017, 11:43  | V.E. | 176

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1840
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.