Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
99059319.jpg

„Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека ссостојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија“. Ова го изјави медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија.

Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.

- „Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата“, истакнува Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот.

 20.03.2017, 10:16  | V.E. | 88

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

6361
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.