Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

„Бајки од Македонија“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни

Министерот Нухиу на тркалезна маса за новиот Закон за кривична постапка
Иванов - Иваниќ: Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија..
СДСМ: Многу брзо Македонија ќе живее во демократија

Култура

„Бајки од Македонија“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни
133416594.gif

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс ламина“ по повод Светскиот ден на раскажувањето сказни денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ организираат средба со деца-првачиња кои ќе слушнат приказни од едицијата „Бајки од Македонија“.

Приказните кои произлегуваат од усната раскажувачка традиција во Македонија на најмладата популација ќе им ги раскажат млади актери.

 - Волшебните приказни од оваа едиција претставуваат модернизиран и адаптиран приказ на сказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, а публикувани од издавачката куќа „Арс ламина“, соопштија организаторите кои на настанот ќе објават и донација за градските библиотеки низ Македонија.

 20.03.2017, 09:16  | V.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

14527
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.