Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

За прв пат протестен марш и во Росоман

Зврлески вели: За случајот „Маѓар Телеком„ прашајте го судот
ДУИ не исклучува, СДСМ против лидерска средба
СЈО од Македонски телеком ги бара телефонските броеви што биле прислушувани преку УБК

Македонија

За прв пат протестен марш и во Росоман
133617871.jpg

 За прв пат вечерва протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беше организиран и во Росоман, пред присутните говореше Мирјана Јошева, наставник по македонски јазик.

-Нашите предци со крвави букви ја испишувале историјата на овој наш изнапатен народ за да денес една политичка опција, водејќи се пред се од личен интерес и желба за власт, гази врз нашиот соживот и национални интереси. Не сме овде за да напаѓаме некого или обвинуваме, овде сме за да се повикаме на свеста и совеста, на секој поединец, на секој Македонец, Србин, Ром жител на оваа општина, нагласи Јошева.

Притоа повика да не се уништува она што со години е градено.

-Со сила сакаат да ни наметнат албански јазик, да ни ја федерализираат државата и да не направат бинационална држава. Менувањето на Уставот и националните обележја се само прв чекор кон менување на името на нашата држава и губење на нашата самобитност. Јазикот е тој што не легитимира како Македонци, додаде Јошева.

 20.03.2017, 22:12  | V.E. | 34

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31073
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.