Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кумановци од две собирни места се приклучија на маршот „За заедничка Македонија"

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Кумановци од две собирни места се приклучија на маршот „За заедничка Македонија"
133618028.jpg

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот кој го организира иницијативата „За заедничка Македонија“, но овој пат тргнаа од две места, од кај спортската сала и од населбата „Перо Чичо“.

Тие уште еднаш ги повторија барањата за зачувување на унитарниот карактер на државата, заштита на Уставот, отфрлање на тиранската платформа. Како и претходните вечери и овој пат маршот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на кој се обрати, Стојанчо Стефановски, кој порача дека граѓаните кои ја сакаат Македонија, ја чуствуваат за своја нема да им дозволат разнебитување на оние кои го посакуваат тоа.

- Народот, кој излегува на улиците по градовите од Македонија го покажува семакедонскиот крик за одбрана на својот идентитет, за симболите на државата и за работите кои во наследство, преку борба ги оставиле претходните генерации, рече Стефановски.

На велепредавниците, додаде, треба да им се каже дека им е доста од нивната, како што истакна, кукавичка политика.

- Загрозени сме од ние кои сакаат по секоја цена да дојдат на власт, па макар и да не снема и како народ и како држава. Тоа нема да го дозволиме, ќе им суди историјата и наредните поколенија. Предавниците прифраќаат странски платформи со кои се обвинуваат наши пријателски народи, комшии за наводен геноцид, се искривува партизанската историја. Ќе го браниме и Илинден и АСНОМ и комитите и партизаните, оти се Македонци и сме Македонци, рече Стефановски.

Бараме, додаде, сите Македонци кои не се сложуваат со туѓите платформи да излезат на улиците, оние кои се против федерализација и дефинтивното распрачување и оние кои се за за единствена Македонија да ни се придружат. Со таква масовност ќе може да се застане на патот на оние кои сакаат да ја редефинираат Македонија.

- Најважно од се да им покажеме на творците на вакви проекти за уништување на цели држави дека македонскиот народ ги откри и нема да им дозволи и ќе ја брани својата земја, потенцира Стефановски.

Тој упати барање од МПЦ, од владиците, но и од МАНУ да го поддржат народот во неговите барања.

 20.03.2017, 22:11  | V.E. | 51

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15629
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.