Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Скопјани со поддршка за унитарноста на државата

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Скопјани со поддршка за унитарноста на државата
133617972.jpg

Во Скопје вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со кој граѓаните изразија незадоволство за тиранската платформа и дадоа поддршка за унитарноста на државата.

Од граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“ му порача на претседателот Иванов да не подлегнува на никакви притисоци и повторно побараа еврокомесарот Хан да одржи средби со нив за да можат директно да му ги пренесат пораките од улиците ширум Македонија.

- Ако комесарот не сака да не прими, ние што 22 дена сме на улиците и немаме намера да си одиме дома ќе се погрижиме тој да не слушне, истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Тој за утре го најави најмасовниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Актерот Васил Зафирчев потсети дека 22 ден во повеќе од 30 градови низ Македонија, луѓето се на улиците за да ги бранат, како што рече, црвено-жолтите бои, боите кои ги сакаат и кои им припаѓаат.

- Ако меѓународната заедница им мисли добро на овој народ и земја, најмалку што може да направи е јасно и недвосмилсено да ја отфрли „тиранската“ платформа која ги загрозува државните и националните интереси, порача Зафирчев. Според него, Македонија се уште не е полноправна членка на ЕУ и на НАТО поради неприфаќањето на нашето име и негирањето на нашиот идентитет.

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски се осврна на македонскиот јазик, на неговата историја, традиција и значење.

- Како да го делиме ова мало парче земја. Овде ние не сме многу Македонци, зборувачи на овој јазик, и затоа нема место во ова катче да се дели со друг јазик. Некои викаат дека имаат право на јазик. Да имаат право, веќе зборуваат, пишуваат и учат. Но, тоа не може да биде во Уставот на Република Македонија, рече Димоски.

На иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва и се приклучија и параглајдеристите.

 20.03.2017, 22:11  | V.E. | 48

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15576
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.