Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Светот се прости од легендарниот Чак Бери

Коѕиас: Американците многу се заинтересирани за решение, но не нѐ притискаат
Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парла..
Каменос: Нема да има решение на името
Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Шоубиз

Светот се прости од легендарниот Чак Бери
chak-beri-tatkoto-na-rokenrolot-zamina-vo-legendite-267980.jpg
Еден од основачите на рокенрол музиката,а многумина за него ќе кажат дека е таткото на овој музички правец, извонреден гитарист и музичар, Чак Бери, почина завчера во својот дом во областа Сент Чарлс во американската држава Мисури, во 90-тата година од својот живот.

„Johnny B-Goode”, „Roll Over Beethoven”, „Sweet Little Sixteen” се само дел од неговите легендарни, светски познати хитови.

Во 1984 година ја освои престижната Греми награда за животно дело, а во 1986 година влезе во Рокенрол-куќата на славните.

Минатата година го најави својот нов албум „Chuck” што го посвети на својата сопруга Темети Бери со која беа во брак 68 години.

„Драга, остарев. Долго време работев на тој албум, сега можам да престанам”, напиша тој во извештајот за овој негов последен албум.

Тоа воедно е и неговиот единствен албум во последните 38 години.

За сега нема детални информации околу тоа како настанала смртта.
Се присетуваме на неговите култни музички дела.

 20.03.2017, 18:41  | V.E. | 93

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

26251
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.