Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Општина Центар: Место улица, нови дрвја, зеленило и урбана опрема

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Македонија

Општина Центар: Место улица, нови дрвја, зеленило и урбана опрема
133617628.jpg

Советниците на општина Центар со 12 гласа „за“ донесоа одлука за изглед на градба, пешачки улици и патека на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до објектот на Телеком.

Како што соопшти општина Центар, на овој потег нема да се гради улица и според програмата на општината ќе биде поставено зеленило, клупи, чешми и жардиниери со дрвја кои би имале функција на дрвореди.

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ, како што се наведува, го задолжиле Секторот за инспекциски работи на општина Центар да спроведе инспекциски надзор за преземените градежни активности на терен, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до Камениот мост.

 20.03.2017, 18:02  | V.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10077
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.