Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Принудно слета јужносудански авион, повредени 14 лица

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола одбележува 72 години од основањето
Хан: Брзо формирање влада и воздржување од разгорување меѓуетнички тензии
Македонија го одбележува Светскиот ден на водите

Свет

Принудно слета јужносудански авион, повредени 14 лица
99977300.jpg

Авион во сопственост на јужносуданската авиокомпанија „Саут суприм ерлајнз“ денеска принудно слета на аеродромот во градот Вау, северозападен Јужен Судан.

Во авионот имало 45 луѓе од кои при принудното слетување повредени се 14.

- Во авионот беа 40 патници и петмина членови на екипажот. Немам други информации, изјави директорот на „Саут суприм ерлајнз“ Габријел Нганг, додавајќи оти авионот полетал од главниот град на Јужен Судан, Џуба.

Неименуван припадник на локалната спасувачка служба изјави дека „никој не загинал, но оти има поголем број повредени лица“.

 20.03.2017, 18:18  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

28406
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.