Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Општина Дебар 2016 година ја завршила со суфицит од 15,3 милиони денари

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Општина Дебар 2016 година ја завршила со суфицит од 15,3 милиони денари
133617646.jpg

На денешната 44-та редовна седница членовите на Советот на општина Дебар ја разгледаа и усвоија завршната сметка на буџетот на општината за 2016 година. Според Ќазим Ќормемети, раководител на Секторот за финансии и буџет, минатата година општината ја завршила со суфицит од 15,3 милиони денари.

-Буџетот за минатата година беше проектиран на 299.295.000 денари, а реализран е со 249.672.626 денари. Остварени се вкупни расходи во износ од 234.364.988 денари, што значи забележан е суфицит од 15.307.638 денари, образоложи Ќормемети пред советиците.

Што се однесува до планираниот прилив на средства, посочи тој, најголемо неоставрување е забележано кај ставката донации каде наместо планираните над 4,6 милиони денари остварени се само 345 илјади денари, потоа кај ставката даночни приходи каде се слеале 12 милони денари помалку, како и кај капиталните приходи за 14 милиони денари помалку од планираните.

Советот на седницата ја усвои и Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, како и повеќе одлуки од областа на урбанизмот.

Буџетот на општина Дебар за 2017 година е проектиран на 312 милиони и 250 илјади денари.

На седницата беше прфатено и барањето на советникот од ДУИ, Шуип Марку, од следната година во Дебар на организиран начин да се одбележува 14 март, кој жителите на поширокиот регион уште го нарекуваат Летник или Денот на летото.

 20.03.2017, 18:15  | V.E. | 61

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35212
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.