Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

АХВ: Прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од село Бачишта

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Македонија

АХВ: Прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од село Бачишта
133617538.jpg

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поведе прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од кичевското село Бачишта кои нападнаа четиригодишно дете.

Постапката, како што соопшти АХВ, е покрената врз основа на извршениот увид на лице место од страна официјалниот ветеринар и овластеното ветеринарно друштво. Притоа, веднаш се преземени сите  мерки пропишани со ветеринарната легислатива.

- Извршен е клинички преглед на кучињата, тие се ставени во изолација и под официјален надзор за следење на евентуална појава на симптоми на болеста беснило. Кучињата кои го придружувале стадото овци не биле ниту вакцинирани против оваа болест, ниту идентификувани со микрочип, што е задолжителна обврска за сопствениците на кучиња, информира АХВ.

Во наредните 15 дена, додека кучињата се под официјален надзор, ќе се следи нивната здравствената состојба за да се исклучи постоење на симптомите на беснило. По истекот на рокот за изолација и официјалниот надзор, официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, зависно од утврдената состојба, ќе ги преземе натамошните мерки утврдени со законите од областа на ветеринарното  законодавство.

 20.03.2017, 16:25  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

32436
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.