Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Нападнати полицајци на натпреварот Работнички - Куманово

Почина ексминистерот за животна средина Абдилаќим Адеми
ЕВН ги санираше дефектите на среднонапонско ниво
Судскиот совет ќе расправа дали да поведе постапка за разрешување судија
Стојан Андов за грчки „Етнос“: Да се изолираат националистите

Црна хроника

Нападнати полицајци на натпреварот Работнички - Куманово
99098140_6.jpg

Двајца полициски службеници ангажирани за обезбедување на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу Работнички и Куманово, биле навредувани и омаловажувани од група навивачи, а имало обид и за физички напад.

Како што информира МВР, настанot се случил околу 18 часот во Спортската сала во Градски парк во Скопје, а еден од напаѓачите е приведен. 

Едниот од навивачите на КК Работнички, Д.А. (18) од Скопје, при обидот да биде приведен,  пружал активен отпор и со тупаница удрил еден полициски службеник во пределот на лицето. Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На повредениот полициски службеник му е укажана медицинска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“ од каде бил препратен на доплнителен преглед во Клинички центар.

 20.03.2017, 15:44  | V.E. | 110

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

28755
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.