Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Иванов за „Маџар Хирлап“: Македонија нема да прифати уцени

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Иванов за „Маџар Хирлап“: Македонија нема да прифати уцени
ivanovintervju_0.jpg

Одговорно однесување на партиите во согласност со Уставот, но и нови, предвремени избори за пратеници како можно решение за надминување на политичката криза, посочува шефот на македонската држава Иванов во интервјуто за унгарскиот весник „Маџар Хирлап“. Според Иванов, една од пречките за доделувањето на мандатот на лидерот на втората партија, СДСМ, е во тоа што не ја осудил постизборната платформа создадена во друга држава со која се загрозува унитарноста на Македонија. Земјава не прифаќа уцени, вели Иванов.

„Лидерот на втората партија според бројот на освоени мандати, СДСМ наместо во рок од 10, ме извести по 27 дена дека има обезбедено мнозинство во Собранието со поддршка на сите партии на етничките албанци. Од него побарав јавно и јасно да ја отфрли и осуди оваа платформа. Го потсетив дека македонските граѓани на изборите гласаа за реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава. Таквата јавна осуда, за жал, изостана. Оттаму, како претседател на Република Македонија, порачав дека нема да определам мандат за секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста“, вели Иванов.

Платформата е причина за политичката дестабилизација, а реториката на некои од функционерите на Албанија и на Косово не се совпаѓаат со актулните збиднувања во 21-век, бидејќи поттикнува големонационалистички идеи и е негативен преседан и во регионот, оценува македонскиот претседател. Нема тргување со Уставот, со државните интереси и со македонските граѓани. Сепак, добрите односи се императив за Македонија, изјави шефот на државата.

„Република Македонија секогаш вложувала во унапредување на добрососедските односи. Албанија и Косово се наши пријатели и затоа се потребни конкретни и заемни чекори во унапредување на меѓусебната доверба. Во Република Македонија и претходно имало обиди за предизвикување на меѓуетнички тензии, но граѓаните знаат да препознаат што е манипулација, а што е нивен интерес“, вели во интервјуто претседателот Иванов.

Според престедателот, реалната состојба во земјата не соодветствува со барањата на партиите од албанската етничка провиниенција.

„Дел од барањата содржани во оваа платформа зависат од статистиката и реалноста на терен, а во Република Македонија 14 години не е спроведен попис на населението. Без нов попис, не може да се бараат права што зависат од статистиката“, нагласува Иванов во интервјуто.

Претседателот се осврнува и на мигрантската криза која што повторно станува актуелна поради договорот меѓу ЕУ и Турција. Иванов потсетува дека во подрачја во земјата каде што постои верски радикализам не смее да се дозволи слободно движење на мигрантите. Македонија ја заштити Европа, иако не е членка на Унијата, подвлекува македонскиот престедател во интервјуто за унгарскиот весник.

 20.03.2017, 13:10  | V.E. | 113

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

7078
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.