Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Балканските и Првата светска војна - тема на романот „Битолски триод“

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Култура

Балканските и Првата светска војна - тема на романот „Битолски триод“
133616537.jpg

Издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје во едицијата „Современа македонска проза“ го објави романот „Битолски триод“ од писателот Владимир Костов.

- Авторот ја обработува темата на Балканските војни и Првата светска војна, во кои беа регрутирани над 100.000 илјади Македонци, кои се бореа и гинеа за туѓи цели. Посебен акцент става на двегодишните бомбардирања на артирелијата на Сојузничките сили на градот Битола, со употреба и на бојни отрови, при што беше десеткувано населението и беа разурнати многу станбени згради, меѓу кои и ретки монументални градби на познатиот Широк Сокак, соопшти издавачот.

Во рецензијата за книгата, писателот Раде Силјан наведува дека во  „Битолски триод“ „се е ставено во конкретна и препознатлива епска рамка и како на широко филмско платно е отсликана трагичната судбина и крвава делба на македонскиот народ“.

 20.03.2017, 12:20  | V.E. | 16

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17669
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.