Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Викендов во Скопје 32 сообраќајки, тешко повреден велосипедист

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола одбележува 72 години од основањето
Хан: Брзо формирање влада и воздржување од разгорување меѓуетнички тензии
Македонија го одбележува Светскиот ден на водите

Црна хроника

Викендов во Скопје 32 сообраќајки, тешко повреден велосипедист
133304914_3.jpg

Велосипедист е тешко повреден, а  26 лица се здобиле со полесни повреди во 32-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните 10 сообраќајки во петокот,  во четири полесно се повредени седум лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.

Во саботата, пак,  се случиле 11 сообраќајни незгоди, при што во осум несреќи полесно се повредени 10 лица. Три сообраќајки се со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани 11 сообраќајки, три со материјална штета, а седум со последица телесни повреди, при што полесно се повредени девет лица.

Сообраќајната полиција санкционирала 212 возачи  кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење,12 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, петмина  поминале на црвено светло на семафор, 88 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 99 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и  24 пешаци  кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ се отстранети 93 непрописно паркирани возила.

 20.03.2017, 12:15  | V.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

28426
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.