Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Шеста генерација на Поло: Што ќе донесе овој автомобил кој успешно се продава веќе 42 години?

Зврлески вели: За случајот „Маѓар Телеком„ прашајте го судот
ДУИ не исклучува, СДСМ против лидерска средба
СЈО од Македонски телеком ги бара телефонските броеви што биле прислушувани преку УБК

Авто

Шеста генерација на Поло: Што ќе донесе овој автомобил кој успешно се продава веќе 42 години?
tocka-226011.png
На Саемот за автомобили во Франкфурт во септември, Фолксваген ќе ја претстави шестата генерација на Поло – „малиот“ автомобил кој што успешно се продава веќе 42 години и за многумина е крал во својата класа.

Како што дознава “Autocar”, следната генерација на Поло ќе има помал број на погонски опции, но во својата внатрешност ќе биде далеку технолошки понапреден од претходникот, а автомобилот ќе биде поголем и полесен и ќе ја користи MQB-A0 механичката платформа.

Поголемото меѓуосовинско растојание, односно дополнителните сантиметри во должина и ширина се гаранција за поголем простор во кабината и бажаниот простор во однос на петтата генерација која што се појави на пазарот во 2009-та година.


Истиот извор најавува динамичен надворешен изглед каде што најмногу ќе се истакнуваат редизајнираните предни светла, спуштена линија на покривот, а промени би требало да има и во задниот дел на автомобилот. Во понудата ќе има автомобили со три и пет врати, а под знак прашалник останува „крос“ изведбата, посебно поради најавата на новото производство на SUV моделот T-Cross Breeze со кој што ќе ја дели платформата.

Најдобра вест е тоа што во внатрешноста ќе бидат превземени некои идеи од освежениот Голф, а опционално и од некои други „поголеми“ модели од гамата на Фолксваген. Може да се очекуваат верзии со дигитална инструментална плоча, нова генерација на инфотејнмент системот чувствителен на допир, како и последната верзија на “Park Pilot” технологијата на Фолксваген.


Што се однесува до моторите, почетната верзија ќе пристигнува со 3 цилиндарски 1,0-литарски бензинец со варијанти од 65, 75, 95 и 115 коњски сили. Во врвот на понудата ќе има GTI верзија со 2,0-литарски 4 цилиндарски бензински мотор со над 200 коњски сили. Дизелската понуда ја отвора 4 цилиндарски 1,6 TDI мотор со 80, 95 и 110 коњски сили. „Послабите“ мотори ќе пристигнуваат со мануелен 5 степенски менувач, а помоќните со 6 степенски менувач.

 19.03.2017, 11:14  | V.E. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31384
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.