Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Научниците потврдуваат: Витаминот Ц најефикасен во борбата со ракот

Торстен Фрај: Неприфатливо е мешањето на Рама во внатрешните работи на Македонија
Чекор поблиску до владин кабинет – СДСМ, ДУИ И ДР-ДПА заедно во Влада
Собранието в понеделник ја продолжува конститутивната седница

Здравје

Научниците потврдуваат: Витаминот Ц најефикасен во борбата со ракот
vitamin_c5.jpg

Витаминот Ц е најевтиниот природен лек што може да помогне во борбата со ракот.

Магазинот „Oncotarget" ги објави резултатите од истражувањето што го спроведоа научниците од Салфорд универзитетот во Манчестер според кои витаминот Ц влијае 10 пати поефикасно врз ракот, отколку лекот 2-ДГ, кој е во експериментална фаза.

Тие го тестирале влијанието што го имаат три природни состојки, три експериментални лекови и еден клинички лек, врз развојот на карциномот.

-Го анализиравме ефектот што го имаат низа природни состојки врз ракот, вклучувајќи го тука и силибинот од млечните намирници, како и некои состојки од дериватите на медот, но далеку најдобри резултати постигнува витаминот Ц. Тој е евтин, природен и лесно достапен ресурс, кој би можел да стане лесно оружје во борбата со оваа опака болест, вели доктор Мајкл. П. Лисанти

Британските научници велат дека витаминот Ц во суштина ги спречува енергетските процеси во самите митохондрии на ракот.

-Ова е уште еден доказ дека витаминот Ц и уште неколку нетоксични материи може да имаат значајна улога во борбата со ракот. Резултатите ветуваат, додава водачот на истражувањето, Глорија Бонучели.

Витаминот Ц може да се најде во сите цитрусни овошја, но и на места каде што можеби не сте го очекувале. Доколку сакате да ја збогатите својата исхрана со овој витамин не пропуштајте да ја прочитате и статијата: Топ 5 намирници најбогати со витамин Ц.

 18.03.2017, 12:23  | V.E. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

14026
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.