Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Бескрајно трпение

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Колумна

Бескрајно трпение

Издржливи сме, трпеливи. Тренирани да толерираме криминал од највисоки размери. Додека Сеад Кочан, со или без неговата Ibizza, ја напуштил државата, неговиот адвокат, кон впрочем не е само негов туку е адвокат на целата фамилија која бесправно владее во Македонија цели 10 години, наоѓа разни креативни начини да го толкува Законот за кривична постапка, кажувајќи кога всушност решението за притвор станува правосилно и елаборирајќи дека неговиот клиент ни бил слободен човек кој е во службено патување и нема никаква важност фактот каде тој точно се наоѓа!

Има ли поголема ароганциа од ова, има ли поголемо потсмејување со интелигенцијата на човекот од ова?! Сево ова издржливите и трпеливи граѓани го гледаат секојдневно во телевизиските канали кои ги менуваат за да најдат некоја дебата каде се зботува за вековните права на Албанците кои токму сега треба да се остварат, или пак за македонштината на Македонците која ненадејно е во ризик и мора да се одбрани со жив штит, во реалност кога се знае дека ниту Албанците не гласаа овој пат за нивниот јазик или нивното знаме, ниту пак Mакедонците гласаа за нивниот идентите, туку сите гласаа за поголема демократија во државата, и за ставање крај на недопирливоста на носителите на високи јавни функции, гласаа да се вратат украдените пари и некој да носи одговорност за нивната злоупотреба.

И сега, токму во овој момент, албанските партии се сетија упорно да реализираат се што до сега упорно не го реализираа и елоквентно обајаснуваат зошто им е толку тешко да одлучат да ја направат новата влада и да стават крај на кризата, и дека ние, како граѓани, не разбираме во каква голема мака биле тие. Од друга страна, Тврдокорниве упорно баш сега се сетија да кажат не на Албанскиот јазик кој е официјален уште од 2001 година, регулиран со закон во 2008 година и со проширена употреба од 2011 година. Сега се сетија јазикот да не го даваат, после 15 години двојазичност во Македонија. И ние си ќутиме, и со големо трпение ја гледаме омразата која се шири околу нас како чума, и се заканува да не повлече сите и да не направи нејзин дел. Трпеливо чекаме некој да се освести, некој да ни помогне, и некако, магично да излеземе од оваа жива кал каде не донесе нашата бескрајна издржливост и трпение.

Во времето на Цицерон, римскиот сенатор Катилина тајно заговарал државен удар, на ист начин како што кај нас државните институции јавно заговараат за менување на уставниот поредок на земјата. Катилина тоа го правел тајно, Иванов и Груевски тоа го прават јавно, тоа е единствената разлика. Говорот на Цицерон со кој тој го обелоденува заговорот на Катилина пред римскиот сенат останал запаметен во историјата. Тој говор започнува со овие прашања: “Quo usque tandem abutere, Catilina, patientia nostra? Quam diu etiam furor iste tuus nos eludet? Quem ad finem sese effrenata iactabit audacia?” што на македоснки се преведува: “До кога ќе го злоупотребуваш нашетп трпение, о Катилина? До кога ќе продолжи да се потсмева со нас твојата лудост? Кога ќе заврши оваа твоја неконтролирана ароганција и дрскост која се шири бесрамно околу нас?”. Обидот за државен удар на Катилина завршил неславно, но овој нашиов државен удар никако да се прекине!

 16.03.2017, 21:02  | V.E. | 171

 

© ZURNAL.mk

 Колумна 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10356
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.