МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија
Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена
ЕПП чека официјална реакција од Унгарија за Груевски
Утре започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Авто
Електричниот Jaguar ќе пристигне во Женева (Фото/Видео)

Електричниот Jaguar ќе пристигне во Женева (Фото/Видео)

петок, 08 декември 2017, 12:16ч.   |   L.E.

„Jaguar“ потврди дека продукциската верзија на електричниот модел „I-Pace“ ќе има светска премиера на женевскиот саем за автомобили во март 2018-та.

Кросоверот на струја, со кој „Jaguar“ сака да му конкурира на пазарот на „Teslа Model X“, беше претставен на крајот на 2016-та во концептна верзија. Се очекува сериската верзија на овој автомобил да не се разликува од споменатиот концетп, како во надворешноста, така и во ентериерот на возилото.

 

„Jaguar“ со новиот модел сака на купувачите, пред се, да им понуди автомобил кој естетски е прифатлив, а притоа да користи електрична енергија за погон. Како резултат на напорите на инженерите и дизајнерите на оваа компанија настана „I-Pace“, кој визуелно ја задржува спортската појава карактеристична за моделите на „Jaguar“.

Од компанијата велат дека проблемот со сместување на погонските батерии го решиле така што ги поставиле под возилото, со што е осолободен простор во кабината и багажникот, а исто така е задржана функционалноста на автомобилот.

 

При проектирањето, инженерите на „Jaguar“ дадоа предност на функционалноста на кабината. Чусвството за просторност и отвореност на ентериерот им нуди панорамскиот покрив, кој со протега од шофершајбната до задната стаклена површина.

Непознато е какви ќе бидат перформансите на електричниот погон во сериската верзија. Потсетуваме, за погон на концептот беа употребени два електромотори – по еден на секоја осовина со вкупна комбинирана моќ од 400 ks, додека максималниот вртежен момент изнесува 700 Nm.

 

Автомобилот има погон на сите 4 тркала, а електричниот мотор се напојува со енергија од батеријата со капацитет од 90 kWh. За забрзување од место до „стотка“ е потребно околу 4 секунди.

Кога станува збор за автономијата во возењето со полна батерија, се споменуваше бројката од 500 km.

 

Сите дилеми ќе бидат разрешени најдоцна до почетокот на март 2018-та, кога „Jaguar I-Pace“ и официјално ќе биде претставен пред новинарите и публиката на саемот во Женева.

© ЖУРНАЛ    ~126,42

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.