МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Економија
Буџетот на општина Гевгелија догодина ќе изнесува над 965 милиони денари

Буџетот на општина Гевгелија догодина ќе изнесува над 965 милиони денари

петок, 08 декември 2017, 11:56ч.   |   L.E.

Гевгелија, 8 декември- Буџетот на општина Гевгелија во 2018 година ќе изнесува 965.526.560 денари, одлучија општинските советници на синоќешната седница.

Приходите на основниот буџет изнесуваат 610 милиони денари, од дотации се планираат 216,5 милиони денари, од донации 44,3 од самофинансирачки активности 15,9 милиони денари и од кредитни приходи 78,4 милиони денари.

Капиталните расходи ќе изнесуваат околу 60 отсто во вкупниот буџет, односно 68,5 отсто од основниот буџет со што ќе се задржи неговата развојна компонента.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков објасни дека три работи му даваат за право да биде оптимист во извршувањето на буџетот.

- Првата работа е добивањето на грантот од КФВ банката во износ од 2,5 милиони евра кој ќе биде употребен за водоснабдување и изградба на канализации, втората работа се средствата што се очекуваат од Владата за сервисирање на долговите на сите општини во земјата и третата работа што ветува полнење на буџетот е зголемувањето на персоналниот данок од 4,5 отсто на шест отсто, со што се очекува годишно во општинските каси дополнително да влегуваат околу еден милион денари, рече Поцков.

Нацрт буџетот на општина Гевгелија ќе биде ставен на јавна расправа и во наредните петнаесет дена граѓаните ќе можат да се произнесат за овој значаен документ. На седницата не присуствуваа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

© ЖУРНАЛ    ~136,46

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
Сугаревски: Градежните активности ќе бидат комплетно завршини до крајот на наредниот месец
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.