Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Заев во Софија: Посилна регионална интеграција на Балканот

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Македонија

Заев во Софија: Посилна регионална интеграција на Балканот
_4274.jpg

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што се одржува во Софија.

На конференцијата ќе се разговара за гранични олеснувања во регионот, за интензивирање на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, со цел отворање перспективи за приватниот сектор.

Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески, во Софија пристигна синоќа од Брисел каде што имаше средби со првите луѓе на Европскиот парламент и на Европската комсиија.

На конференцијата во Софија ќе учествуваат и премиерите на Србија и на Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вецпремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. 

 07.12.2017, 09:52  | A.Z. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22411
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.