Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

МВР на Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Македонија

МВР на Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха
interpol_1.jpg

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од државниот секретар Магдалена Несторовска присуствува на петтата Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха.

Како што информира денеска МВР, државниот секретар и Национален координатор на Република Македонија Магдалена Несторовска остварила билатерална средба со министерот за развој на администрација, труд и социјална политика и Национален координатор за трговија со луѓе на државата Катар Еиса Саад Ал Наими.

На средбата Несторовска и Ал Наими размениле искуства во врска со потребата од градење заеднички пристап во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција.

- Министерот Ал Наими во името на Државата Катар ја изрази потребата од продлабочување на соработката меѓу двете држави и во други области од заеднички интерес на Република Македонија и Државата Катар, се вели во соопштението од МВР. 

 07.12.2017, 09:32  | A.Z. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22083
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.