МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Крсто Мукоски пуштен да се брани од слобода
Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на Фејсбук за жртвите од пожарот во ..
Македонија
Да се снимаат и рочиштата за Тотал

Да се снимаат и рочиштата за Тотал

четврток, 07 декември 2017, 11:04ч.   |   A.Z.

Рочиштето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас е одложено. Датумот за одржување ново рочиште дополнително треба да се одреди.

Бранителите на Павловиќ - Латас, адвокатките Анита Бегова и Светлана Савиќ побараа Судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж.

Тие имаат забелешки на записникот од првото рочиште што се одржа пред два дена истакнувајќи дека во него нивните зборови не биле доследно интерпретирани.

Судијката Софче Гаврилова Ефремова рече дека во судницата каде што денеска се одржува рочиштето не постојат технички можности за такво снимање и оти од тие причини записниците се водат компјутерски. Потенцираше дека такви технички услови има само во Судницата 1, но оти таму има закажано голем број судски рочишта и треба да се види дали има слободен термин.

На почетокот на денешното рочиште Павловиќ-Латас побара судењето да не биде снимано од новинарски екипи.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра. 

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.