Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Завршна конференција за „Програмата за (само) вработување самохрани мајки“

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Економија

Завршна конференција за „Програмата за (само) вработување самохрани мајки“
kk.png

Скопје, 7 декември- Проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, што се спроведуваше годинава во Скопје, Битола и Штип, денеска ќе биде заокружен со завршна конференција.

Програмата на проектот спроведуван од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка, беше наменета за подготовка и унапредување на компетентноста на жените самохрани мајки на пазарот на труд.

Во рамки на проектот се реализираа обуки за развој на бизнис вештини, организирани во пет модули, како и вокациски обуки, како одговор на потребите на учесничките, но пред се во согласност со добиените сознанија, од компаниите вклучени во проектот, за потребните вештини, според нивна проценка, за компетитивност и подобра вработливост. Вокациските обуки, беа за унапредување на компјутерските вештини,во Штип за базична компјутерска едукација, а во Скопје и Битола за напредни компјутерски познавања

 07.12.2017, 11:23  | L.E. | 93

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

286
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.