Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Youtube вработува 10 илјади луѓе кои ќе ги прегледуваат содржините

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Технологија

Youtube вработува 10 илјади луѓе кои ќе ги прегледуваат содржините
ytt.jpg

Речиси 10 илјади луѓе ќе ги прегледуваат содржините кои ќе бидат објавувани на Youtube во 2018 година

Youtube ги објави своите планови да вработи повеќе луѓе следната година за полесно да се цензурира непристојната содржина која се објавува на оваа мрежа.
Компанијата веќе неколку години е под притисок од јавноста поради екстремни, насилни и вознемирувачки видеа кои се отстрануваат дури откако публиката ќе ги прегледа и пријави.

Youtube разви автоматски софтвер за да идентификува клипови кои се поврзуваат со екстремистите, а сега ќе развие и софтвер кој ќе препознава говор на омраза и непристојна содржина за деца.

„Нашата цел е формираме тим од 10 илјади луѓе кои би ја санкционирале содржината која ја навредува нашата политика“, изјави извршната директорка на Youtube, Сузан Војицки.

„Мораме да имаме пристап за ефикасно вршење на работата и брзо одлучување кои канали и клипови можат да се рекламираат. Слушнавме и од корисниците дека мораме да бидеме попрецизни во прегледувањето на содржините за да не цензурираме по грешка некои клипови“, додаде таа.

 07.12.2017, 11:17  | L.E. | 98

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17459
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.