Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

(Видео) Воздушни напади врз Јемен, уништен главниот град Сана

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Свет

(Видео) Воздушни напади врз Јемен, уништен главниот град Сана
Saudi_Arabia_steps_up_attacks_on_rebels_in_Yemen_hitting_presidential_palace_with_airstrikes_National_Post_-_2017-12-06_20.52.12.jpg

 Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија ги засили воздушните напади врз Јемен и го уништи главниот град Сана. Засилените напади се одговор на јакнењето на власта на бунтовничкото движење Хути во главниот град откако го убија поранешниот јеменски претседател Aли Абдула Салех во понеделникот. Според агенциите, извршени се десетици воздушни напади врз клучни позиции на хутите, при што Сана е уништена.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници го бомбардираа Јемен еден ден откако синот на Салех вети дека ќе ја предводи кампањата против проиранските бунтовници хути.  Според агенциите, Ахмед Али, веројатниот наследник на Салех и поранешен лидер на елитната Републиканска гарда, ѝ дава на страната спротивставена на хутите потенцијална лидерска фигура.
Салех на движењето Хути му помогна да го освои поголемиот дел од северот на земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана, а неговата одлука да ја смени страната претставува најдраматична промена во неколкугодишната граѓанска војна. Во борбите во Јемен досега се убиени над 10.000 луѓе, а повеќе од два милиони се раселени. Речиси милион луѓе се погодени од епидемијата на колера и гладот кој се заканува на поголемиот дел од земјата.
 07.12.2017, 10:05  | Z.H. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

21991
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.