МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Култура
Во Велес поетска вечер на хрватскиот писател Дамир Марас и на македонската Виолета Сековска

Во Велес поетска вечер на хрватскиот писател Дамир Марас и на македонската Виолета Сековска

четврток, 07 декември 2017, 10:42ч.   |   L.E.

Велес, 7 декември- Во организација на Литературниот клуб „Коста Солев Рацин“ синоќа во Ликовниот салон во Велес се одржа поетска вечер на хрватскиот писател Дамир Марас кој се претстави со својата последна стихозбирка „Во прегратките на соништата“ и македонската писателка Виолета Сековска со нејзината последна стихозбирка „Созерцание“.

Дамир Марас живее и твори во Горски Котор близу Ријека во Хрватска. Автор и на стихозбирките „Богозов“ во 1992 која му е прва книга по која следат „Утеха по молитвата“, психолошко духовниот есеј „Моќта на љубовта“, „Кога љубовта моли“ и дигиталното издание „Ако поетот не те љубел“ и последната - издадено годинава „Во прегратките на соништата“.

Добитник е на наградата на хрватското литературно друштво од Ријека за најдобро објавена поезија во 2011/2012 година. Многу од неговите песни се компонирани, а неколку негови песни и сам ги компонирал. Неодамна почнал и да ги пее неговите песни, а наскоро треба да го издаде својот прв музички албум. Со своите песни учествувал на хрватски и меѓународни средби, а веќе неколкупати гостува со својата поезија во неколку градови во Македонија.
- Народите не ги раздвојуваат народите туку политиката. Ние писателите сме претставници на својот народ - обични граѓани кои преку поезијата, преку културата се зближуваме меѓу себе и соработуваме. Културата ги руши сите граници меѓу народите. Во Македонија сум одлично прифатен и од повеќе македонските писатели кои се мои пријатели, како и од посетители на овие вечери. Во Велес и Македонија прекрасно се чувствувами сметам дека овие заеднички вечери се многу важни за понатамошната соработка меѓу Хрватска и Македонија, која очекувам да ја интензивираме, потенцира Марас.

Тој воедно информира дека одлично соработува и со македонското културно друштво „Илинден“ од Ријека која е блиску до Горски Котор и често е нивни гостин.

Виолета Сековска од Скопје автор е на шест стихозбирки - првата и е „Македонија“, а последната „Созерцание“.

Во изјава за МИА и таа потенцира дека културата е таа што ги зближува народите.
- Културата е онаа билка која што го лекува секое општество и токму мојата стихозбирка „Созерцание“ што значи будност, на нас Македонците ни е повеќе од неопходна и со очи и со срце и со душа и со ум,потенцира Сековска.

© ЖУРНАЛ    ~123,41

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Духовите на Африка во Музејот на Македонија
Почнува третиот фестивал на дебитантски филм „Киненова"
Во Кичево изложба на керамички изработки
Поп и фолк ѕвезди на „Звуците на културата“ во Ѓорче
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.