МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Xроника
Пожар од запален оџак во делчевско Треботивиште

Пожар од запален оџак во делчевско Треботивиште

четврток, 07 декември 2017, 10:38ч.   |   L.E.

Делчево, 7 декември- Пожар од запален оџак вчера попладне се закани на училишната зграда во делчевското село Тработивиште. Околу 16 часот пожарот го забележале жители на селото кои живеат непосредно до училиштето, по што веднаш повикале помош од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево од каде интервенирале со две противпожарни возила.

- Има материјална штета која органите допрва ќе ја утврдуваат, штетата е минимална во однос на она што можело да настане. Пожарот, најверојатно, е настанат од димоводниот канал, таму беше главното жариште на пожарот и интервениравме во почетна фаза со пуштање на две линии, го локализиравме пожарот и целосно го изгаснавме во вечернте часови, рече Миле Тодоровски, пожарникар од ТППЕ Делчево.

Директорот на ООУ „Климент Охридски“, Горан Димитровски, истакна дека дежурни екипи ноќеска дежурале покрај зградата и оти досега вакви проблеми не се јавувале во подрачните училишта ниту во централното што отвора простор за преземање на соодветни мерки во таа насока во текот на грејната сезона. Училиштето во селото Тработивиште е градено пред 60 години и овде се сместени паралелки од 1 до 9 одделение кои опфаќаат деца од селото Тработитивиште, но и околните села.

Од ТППЕ Делчево апелираат до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи во овој период од годината се најчести ваквите пожари можат да направат голема штета, но и да се заканат по човечките животи.

Училиштето во селото Тработивиште е изградено пред 60 години. Во него има паралелки од 1 до 9 одделение со деца од Тработивиште и околните села

© ЖУРНАЛ    ~118,40

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
ВИДЕО: Страотни снимки од БМВ-то кое удри во столб под стоковна куќа „Мост
23-годишно момче пронајдено мртво во хотел кај Качанички пат
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Четири лица уапсени на аеродромот во Охрид
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара
71-годишен скопјанец баран од полицијата уапсен на аеродром
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.