МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Крсто Мукоски пуштен да се брани од слобода
Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на Фејсбук за жртвите од пожарот во ..
Xроника
Четири лица повредени во четири сообраќајки во Скопје

Четири лица повредени во четири сообраќајки во Скопје

четврток, 07 декември 2017, 10:35ч.   |   L.E.

Скопје, 7 декември- Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајни несреќи била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло и седум возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи, сите поради тоа што возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Од сообраќај биле исклучени седум возила, шест со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило. Санкционирани биле и 23 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 99 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 79 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од основни училишта во селата Мршевци и Рекија во општина Илинден.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
ВИДЕО: Страотни снимки од БМВ-то кое удри во столб под стоковна куќа „Мост
Возило удри во жена на „Партизанска“
23-годишно момче пронајдено мртво во хотел кај Качанички пат
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Четири лица уапсени на аеродромот во Охрид
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.