Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Тренерот на Розенборг: Ќе нападнеме од почетокот и ќе играме офанзивно

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Фудбал

Тренерот на Розенборг: Ќе нападнеме од почетокот и ќе играме офанзивно
60877793.jpg

 Вардар утревечер против Розенборг го игра последниот европски натпревар оваа сезона. Иако резултатскиот значај е во втор план, бидејќи двете екипи ги загубија шансите за пласман во пролетните нокаут-натпревари, сепак до двата табори најавуваат игра на победа.

 
Тренерот на Розенборг, Ингебритсен ветува офанзивен фудбал во текот на целиот меч.
 
„Вардар не е лесен противник. Тие ги елиминираа Малме и Фенербахче и сигурно утре не очекува тежок натпревар. Но, ние сме подготвени, на навивачите можам да им ветам дека ќе нападнеме од самиот почеток и ќе играме офанзивно“, изјави тренерот Ингебритсен.
 
 
Натпреварот ќе започне утре од 21.05 часот на „Филип втори“ и е 12. натпревар на Вардар во Европа оваа сезона. 
 07.12.2017, 10:56  | Z.H. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22187
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.