Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Началникот на ГШ на АРМ Величковски во посета на САД

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Македонија

Началникот на ГШ на АРМ Величковски во посета на САД
_4277.JPG

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски од денеска до 15-ти овој месец во рамки на партнерската програма за соработка ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.

За време на престојот во САД, началникот на ГШ на АРМ планирано е да оствари повеќе средби на високо ниво во здружениот Штаб на вооружените сили (ВС) на САД во Пентагон и во одделот за мировни операции на Обединетите Нации (ОН), а пред претставници на Конгресот на САД ќе има свое обраќање за безбедносните предизвици во регионот и за напорите на Република Македонија за полноправно членство во евроатланските интеграции, кое ќе биде прв ваков настап на еден претставник на АРМ во Конгресот на САД.

Согласно агендата предвидено е генералот Величковски да се сретне со претседавачот на здружениот Штаб на ВС на САД, генерал Џозеф Данфорд, со потсекретарот за мировни операции при ОН, Жан Пјер Лакроикс, со воениот советник при одделот за мировни операции генерал потполковник Карлос Лоитеи, а ќе оствари средба и со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Стивен Креј.

Помеѓу останатото тој ќе оствари средби со амбасадорите на постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите нации Василие Андоновски и амбасадорот во САД, Васко Наумовски, а на крајот од посетата ќе учествува на конференцијата на НАТО командата за трансформации во Норфолк. 

 07.12.2017, 10:01  | A.Z. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22448
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.