МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Македонија
Заев стекна нов пријател

Заев стекна нов пријател

среда, 06 декември 2017, 22:56ч.   |   A.Z.

Премиерот Зоран Заев во Брисел стекна нов пријател. И тоа не било кој, туку Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија. Така барем ни најави самиит Јункер. На стартот на прес конференцијата со македонскиот премиер денес во Брисел, Јункер изјави дека средбата со Заев е најава за ново пријателство.

-Се среќаваме за прв пат но отсега можам да ви кажам дека ова е почеток на вистинско пријателство, изјави Јункер. Дипломатите од ЕК на ова додаваат дека Заев е “вистинско освежување” за Брисел.

Во што ќе се состои тоа пријателство и што ќе и донесе за Македонија е прашањето на кое јавноста денес не доби прецизен одговор. Но беше ставено на знаење дека македонските реформи се добредојдени и топло поздравени во ЕК. Пријателството донесе и лапсус на Јункер кој, одговарајќи на новинарско прашање рече “Македонија” пред божем да се сепне и да додаде дека всушност зборува за “Скопје”, јавува Новатв.мк.

Јункер се воодушеви од реформскиот напредок на Македонија и го нарече “исклучителен” исто како што тој се воодушеви со македонската рака пружена кон соседите и изрази надеж дека реформскиот процес што почна ќе продолжи.

Заев на Јункер денес му најавил дека на 18 декември во Собранието ќе биде испратен пакетот реформи за разузнавачки служби и безбедносниот систем на државата. Во декември ќе се укине и Советот за верификација на факти за судовите и ќе биде донесен законот за заштитени сведоци.

Македонија се согласи да биде предмет на продлабочена методолшка анализа за мерење на корупцијата. Овој инструмент за потребите на ЕУ го креираше комесарката Сесилиа Малстром. Анализата на Европската комисија за корупцијата во Македонија треба да даде резултати доста брзо и треба да помогне Македонија заначително да го намали нивото на корупција во земјата.

Јункер денес не вети ништо но изјави:

-Ние во Комисијата ќе одлучиме во наредните 5 до 6 месеци како ќе продолжиме со секоја од овие земји бидејќи ова е процес базиран на заслуги а заслугите на премиерот и земјата се добри, рече Јункер отворајќи надеж дека длабоките реформи во кои е влезена Македонија овој пат навистина ќе не водат во преговори за членство со ЕУ.

Јункер дури и најави дека македонските реформи можат да ги отворат досега цврсто затворените врати на Комисијата за нашата земја:

-Вратата е отворена за Западниот Балкан и со оглед на тоа што земјата на премиерот прави огромен напредок уверен сум дека во одреден период ќе го направиме следниот чекор, рече Јункер мислејќи токму на отворањето преговори со Македонија.

Заев изјави дека Македонија продолжува да испорачува резултати и тоа е пораката што премиерот му ја пренел на Јункер:

-Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја. Иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година.

Во февруари се очекува стратегијата на ЕК за Западниот Балкан. Македонија се надева дека во оваа прилика ќе добие чиста препорака за преговори за членство без условеноста што беше вметната пред 2 години. Таа надеж денес на изрази и комесарот Јоханес Хан кој исто така присустуваше на средбата помеѓу Јункер и Заев. 

© ЖУРНАЛ    ~238,80

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.