Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Финансова полиција со неколку кривични пријави

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Македонија

Финансова полиција со неколку кривични пријави
finansiska-policija500.jpg

Финансовата полиција поднесе кривични пријави во одделни случаи за злоупотреба на службена положба против директори на Фени, неколку одговорни лица во МЕПСО, директорката на Дебарски бањи - Цапа и поранешната директорката на Агенцијата за филм.

На денешната прес-конференција директорот на Финасовата полиција Арафат Муареми информира дека е поднесена кривична пријава против поранешната директорка на Агенцијата за филм М.Ѓ.И. која се товари дека во периодот од 26 октомври 2016 до 18 септември 2017 година со пречекорување на своето службено овластување склучила анекс договор со кој извршила промена на условите на основниот Договор за финансирање на играната серија „Македонија“ во износ од 283.000.000 денари при што го намалила бројот на епизоди од 130 на 80, а без притоа да изврши намалување на цента и со што ја зголемила вредноста на проектот за 62 проценти, односно за 109.000.000 денари во корист на В.Г. државјанин на Република Хрватска и Друштвото за филмска и видеопродукција Јадран филм ДООЕЛ Скопје.

Кривична пријава, како што соопшти Муаерми е поднесена и против С.В. поранешниот директор за финансиски работи во Дирекцијата на МЕПСО и член на УО и Н.Ј. поранешен генерален директор во својство на одговорни лица во АД МЕПСО - Скопје.

Управата за финансиска полиција констатирала дека од ноември 2016 година до август 2017 пријавените со неизвршување на својата службена должност ја одолговлекувале постапката и не презеле никакви дејствија за наплата на побарување за испорачана електрична енергија од страна на АД МЕПСО на ЕНГ сервис траде ДОО Скопје.

Управата кривична пријава поднесе и против А.Р. главниот извршен директор на Дебарски Бањи - Цапа кој се сомничи за даночно затајување.

Пријавениот во периодот од 1 јануари 2012 до 31 декември 2016 година со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект остварените приходи од угостителски углуси во износ од 539.695.226 денари спротивно на законските прописи неосновано ги прикажала како здравствени услуги, без да поседува дозвола за вршење здравствени услуги и во задолжителната пријава за ДДВ, кои ги поднела во УЈО не пресметала, не пријавлила и не уплатила односно затила ДДВ во износ од 25.674.077 денари.

Кривична пројава поднесена е и против извршниот директор на Друштвото за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Фени Индустри АД Кавадарци Ј.М. кој во својство на главен извршен директор ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што донел одлука за отпис на „незастарени“ побарувања на Фени Индустри која е со невистинита содржина, спрема правно лице со капитална поврзаност „Cunico marketing fze“ од Обединетите Арапски Емирати - Дубаи со цел да овозможи противправна имотна корист за споменатото правно лице со што предизвикал штета на Фени во вкупна вредност 51.505.526 американски долари.

Тој појасни дека горенаведениот износ на парични средства произлегува од побарувања од Кунико за извршена продажба на готов производ фероникел во износ од 49.281.481 долари како и од однапред повеќе платени парични редства за набавка на руда во износ од 2.224.045 долари.

- На ваков начин спротивно на законските прописи, наместо да се наплатат паричните побарувања, извршено е прелевање на капиталот од Фени кон компанијата Кунико и двете компании во сопственост на „Cunico Resources N.V“ - The Netherlands 

 06.12.2017, 16:26  | A.Z. | 776

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22288
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.