Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Google го подготви Android Go за телефоните со послаб хардвер

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Технологија

Google го подготви Android Go за телефоните со послаб хардвер
google.png

Google на својата годишна I/O конференција за девелопери одржана во мај, вети дека ќе понуди верзија на оперативниот систем Android Oreo наменета за уредите со послаби спецификации, а таа верзија наскоро ќе биде достапна.

Станува збор за оперативниот систем Android Go кој што веќе им е достапен на производителите на уреди и девелоперите, а наскоро ќе им биде достапен и на корисниците.

Android Go е верзија на Android Oreo дизајнирана да работи подобро на паметните телефони со 512 MB или 1 GB RAM меморија. Само за споредба, Pixel 2 на Google поседува 4 GB RAM, новиот iPhone X има 3 GB RAM, а Galaxy Note 8 на Samsung има дури 6 GB RAM меморија.

 

Поради тоа, тешко е да се постигне оперативниот систем да работи добро и на „флегшип“ телефоните и на оние со послаб хардвер, па од Google тврдат дека ќе го совладаат тој предизвик.

Уредот со оперативен систем Android Go ќе користи “Go” верзии на бројни апликации на Google, вклучувајќи го Google Assistant, Google Maps, Gmail и други апликации. Помалите апликации и „полесниот“ оперативен систем ќе користат значително помалку меморија, поради што телефоните со послаби спецификации ќе имаат и подобри перформанси.

 06.12.2017, 15:40  | L.E. | 51

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22157
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.