Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Qualcomm го претстави Snapdragon 845 – следниот флагшип процесор

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Технологија

Qualcomm го претстави Snapdragon 845 – следниот флагшип процесор
qu.jpg

Snapdragon 845 е следната генерација на процесори од Qualcomm за најдобрите телефони на пазарот. Компанијата процесорот го претстави на Snapdragon Tech Summit. Веста остана во сенка на најавата за првите компјутери со ARM процесор.

Дополнително иако процесорот треба да излезе во 2018 година, засега има премалку податоци. Она што е речиси сигурно е дека процесорот ќе се најде во речиси сите модели на телефони или траблет компјутери од висока класа. Ова секако нема да важи за телефоните на производителите кои сами си произведуваат и процесори.


Snapdragon 845 (Image Courtesy of Qualcomm)

Дел од податоците кои се објавени се дека фокусот на чипот е на процесирање на видео и слика, вештачка интелигенција, проширена и вирутелна реалност. Qualcomm најавува и уреди за виртуелна реалност нема да биде изненадување чипот да го пронајдеме и таму. Дополнително следните ARM-компјутери би можеле да доаѓаат со Snapdragon 845.

Прва компанија која најави дека ќе го користи процесорт е Xiaomi. Следните флегшип телефони на Xiaomi, Mi 7, ќе доаѓаат со овој процесор, вели TechCrunch.

 06.12.2017, 15:39  | L.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

21894
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.