МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Занимиливости
Робот ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд

Робот ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд

среда, 06 декември 2017, 15:31ч.   |   L.E.

Создателот на вештачката интелигенција наречена „Сем“, Ник Геритсен изјави дека тој „виртуелен политичар“ ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд, објави „Дејли Мејл“.

„Сем“ инаку комуницира преку Фејсбук месинџерот, а општењето со луѓето придонесува „тој“ да учи, односно да станува се поголем и се побогат извор на информации. Тоа ќе значи дека би можеле да му го поставите речиси кое било прашање, во кое било време и на кое било место.

Роботот, од друга страна, тврди дека пред да донесе каква било одлука, го зема во обѕир сечие мислење и ставови, и дека никогаш нема намерно да излаже или пак, да ја искриви суштината на информацијата.

- Постои јаз во она што Нов Зеланд сака, што ветуваат политичарите и што нивната политика може. Јас ќе го надминам тоа разидување, ветува политичарот „Сем“.

Тој се уште учи, и неговите одговори се уште се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до крајот на 2020 година, којашто и ќе биде изборна, „Сем“ ќе биде доволно напреден, за да се вклучи во трката за премиер

© ЖУРНАЛ    ~120,40

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Викендичка под земја полна со вино
Швеѓанка јаде 15 тегли Нутела месечно за да постигне светски рекорд
Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари на аукција во Њујорк
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.