Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Транспортерите на руда за „Фени” бараат поскоро да се најде инвеститор

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Економија

Транспортерите на руда за „Фени” бараат поскоро да се најде инвеститор
fenii.png

Кавадарци, 6 декември - Што побрзо да се најде инвеститор за „Фени”, побара денеска Трајче Пејовски, претседател на Здружението на транспортери кои носеа руда за комбинатот кој сега е во стечај.

- Бараме да бидеме примени од банките, вицепремиерот Анѓушев или од стечајниот во „Фени”, чекаме повик денеска, чекаме што ќе кажат од банките, дали ќе влезе некој инвеститор или не за да размислиме што ќе правиме, информира Пејовски.

Нагласи дека не отстапуваат од барање пари по секоја цена, бидејќи, како што додаде, се наоѓале во најтешка ситуација. - На работниците двете плати ќе им ги пуштат, а ние од трети месец немаме земено пари. Имаме побарувања од четири милиони евра, веќе сме во пропаст, рече Пејовски.

Во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите денеска, вечер ќе одлучуваат какви чекори ќе преземат.

 06.12.2017, 15:20  | L.E. | 107

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

7717
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.