Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Британската команија Ендава планира да вработи уште 200 лица

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Економија

Британската команија Ендава планира да вработи уште 200 лица
_4261.jpg

Британската ИТ компанија „Ендава“ ја одбележува тригодишнината од отворањето на нејзината канцеларија во Скопје во која во моментов работат 190 лица, а се планира до 2020 година нивниот број да достигне до 400.

- За три годинина направивме многу и изградивме силна компанија во Македонија во која има стручни лица кои имаат желба секојдневно да го надградуваат своето знаење. Се трудиме да бидеме успешни бидејќи нашиот успех носи успех и на нашите клиенти, рече Илија Господинов, управителот на „Ендава“ во Македонија на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека канцеларијата во Скопје соработува со повеќе од 70 клиенти од целиот свет од кои најголемиот дел се од западна Европа и северна Америка.

Менаџерот на „Ендава“ во Македонија Реми Саву истакна дека искусни ИТ експерти и дипломирани студенти имаат можност за одлична кариера и постојан развој во компанијата во Скопје. Тој посочи дека компанијата нуди програми за пракса за ИТ кадри, за дипломирани студенти и за професионална преквалификација и има интерна платформа за обука и програма за кариерен план за секој од вработените. За отворање канцеларија во Македонија, како што кажа, се одлучиле бидејќи во има околу 5.000 инженери и секоја година се продуцираат по 500 нови.

„Ендава“ е привата ИТ компанија основана во 2000 година како европска инвестиција. Во неа работат повеќе од 4.000 лица на 14 локации во Европа и Америка. Продава ИТ решенија за клиенти во областа на финасии, осигурување, телекомуникации, медиуми, технологија и малопродажба. Во Македонија компанијата отвори канцеларија во 2014 година со 28 вработени, во 2015. нивниот број се зголеми на 111, а во 2016 година достигна до 150 

 06.12.2017, 13:42  | A.Z. | 162

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

8053
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.