Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Shame on you

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Колумна

Shame on you
denko-4.jpg
Денко Малески


Drugi kolumni

Почнат е процесот на меѓународното признавање на новата влада на Македонија
Мултиетничка или бинационална Македонија?
Размислете
Поука од американските избори
Трката ќе заврши кога и правдата ќе ја помине целта
Лична одговорност, зборуваме за лична одговорност
Милка Вранешевиќ
Последна точка на дневниот ред
Иан Колинс - војникот кој донесе мир, но за кого немаше правда
Распнат како жртва и како мачител, во исто време

Гледам вести на Телма. „Никој не сака да му биде нарушен комодитетот. Сите си живеат во една обланда и на сите им е добро. Но,сведоци сме дека „успесите“ коишто нашата млада популација ги има на рангирањата се катастрофални“, вели професорот Тале Герамитчиоски, член на Одборот за акредитација и евалуација, после конститутивната седница на овој важен државен орган.

Точна е проценката дека образованието на нашите студенти е „катастрофално“, тоа го знам за правните и политичките науки, но, не е точно дека „никој не сака да му биде нарушен комодитетот“. Го знам од лично искуство и од искуство на блиски со слични погледи и поведение. Зборувам, се разбира, за оние ретките кои целиот свој живот си го нарушуваат„комодитетот“ и никогаш не им било добро во „обландата“.

Затоа, на наредната седница, членовите на одборот за акредитација треба убаво да погледнат околу масата на која што седат. Ако е точно дека „никој (од нив) не сака да му биде нарушен комодитетот“ и ако е точно дека „сите живеат во една обланда и на сите им е добро“, тогаш тие се вистинската причина за катастрофалното образование на младата генерација.

Но, да не генерализираме, ако има некој кој е познат по тоа што свесно си го руши „комодитетот“ затоа што не му е „добро“ во системот на образованието какво што е нашето, нека го каже тоа јавно. Инаку, ништо не сме направиле. Всушност, мислам дека токму сознанието дека нема ништо битно да променат, се крие зад зборовите на членот на Одборот задолжен за вреднувањето на нашите образовни институции.

Што се однесува до одлуката на владата и на министерството за образование на чело на оваа важна државна институција да го именуваат членот на МАНУ и претседателот на Центарот за стратегиски истражувања на академијата, Владо Камбовски, можам само да речам: „Засрамете се“.

Инаку, ова се зборовите од транспарентите на една мала група луѓе кои протестираамирно вртејќи се во совршен кругна тротоарот пред институцијата која нешто им беше скривила, во Сан Франциско, некаде кон крајот на осумдесеттите.

Ни кршење, ни дерење, ни тепање, а толку силна порака,помислив тогаш. „Shame on you!“

 06.12.2017, 13:32  | B.M. | 95

 

© ZURNAL.mk

 Колумна 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22336
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.