Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Трговската размена до октомври 10,9 милијарди долари

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Економија

Трговската размена до октомври 10,9 милијарди долари
tr_36.jpg

Скопје, 5 декември- Вкупно 10,9 милијарди долари изнесува трговската размена на Македонија во периодот јануари - октомври 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Извозот е 4,658 милијарди долари и бележи раст од 16,9 отсто, додека увозот достигнал 6,246 милијарди или 12,2 отсто повеќе.
Трговскиот дефици е 1,588 милијарди долари.

- Трговската размена покажува дека највеќе се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, фероникел и облека. Во увозот најзастапени се платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија, наведува ДЗС.

Во периодот јануари - октомври 2017 година, според вкупниот обем на размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Британија, Грција, Србија и Бугарија

 06.12.2017, 13:15  | L.E. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22004
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.