Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Велшанец од невнимение загуби 85 милиони евра

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Занимиливости

Велшанец од невнимение загуби 85 милиони евра
bit_2.jpg

Велшанецот Џејмс Хауелс пред четири години по грешка фрлил стар хард диск, што сега го чини загуба на 85 милиони евра.

Имено, во 2009 година Хаулес почнал да „печали“ биткоини, при што за кусо време веќе поседубал 7.500 од овие криптовалути, кои ги зачувал во посебен фајл.
Неколку години подоцна тој го расклопил својот лап топ и го продал на делови, задржувајќи го само хард дискот, кој го оставил на „сигурно место“.

Сепак, при едно „големо расчистување“ на домот на Хауелс во 2013 година, хард дискот завршил во контерјнерот за отпад, со што во неповрат отишле и неговите заштедени биткоини.

Доколку сега имаше можност да ги продаде тие 7.500 биткоини, Хаулес ќе заработеше околу 85 милиони евра.

- Несреќи се случуваат. Едноставно продолжуваш да живееш со тоа. Од секогаш занев дека биткоинот ќе достигне вака високо вредност, изјави Хаулес за магазинот „Метро“.

 05.12.2017, 12:41  | L.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Занимиливости 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22126
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.