Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Oткрил 100 кг злато во куќата што ја наследил

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Занимиливости

Oткрил 100 кг злато во куќата што ја наследил
ZLATO_7.jpg

Човекот, чиј идентитет не е откриен, открил вкупно пет илјади парчиња злато, во монети, калапи и прачки. Вредноста на златото е проценето на 3,5 милиони евра.

Скриеното богатство било најдено во куќа во Нормандија, во мебел што новиот сопственик се подготвувал да го продаде или да го фрли.

Во куќата што ја наследил, човекот наишол на поголем број различно богатство од стари, но убаво изработени предмети и мебел.

На дното во едно од парчињата мебел, добро сокриена, тој прво пронашол метална кутија со златници, а откако продолжил да трага, се појавила сокриена кутија од виски и на крајот и цел куп од златни прачки. Вчудоневиден од откритието тој го повикал својот адвокат за да направи попис на најденто злато.

Покрај златниците, биле најдени и два златни калапи од по 12 килограми, како и 37 златни прачки, сите од по еден килограм.

Медиумите кои пишуваат за случајот, објаснуваат дека златото било легално набавено и потекнува од педесетите и шеесетите години на 20 век, но засега не се знае зашто било сокриено и оставено, цели шест децении.

Еден локален аукционер, кој пронаоѓачот на златото го повикал претходно за да го процени мебелот што требало да биде однесен од куќата и продаден, изјавил за медиумите дека богатството било „исклучително добро сокриено".

 04.12.2017, 12:49  | L.E. | 91

 

© ZURNAL.mk

 Занимиливости 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1771
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.