МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија
Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена
ЕПП чека официјална реакција од Унгарија за Груевски
Утре започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Авто
Volkwagen ги претстави плановите за електрични возила (Видео)

Volkwagen ги претстави плановите за електрични возила (Видео)

понеделник, 04 декември 2017, 12:42ч.   |   L.E.

На саемот за автомобили во Лос Анџелес, „Volkswagen“ го претстави својот полн избор на електрични возила, вклучувајќи и ги хечбекот „I.D.“, миниванот „I.D. BUZZ“ и кросоверот „I.D. CROZZ“. Сите овие машини беа прикажани претходно на други саеми, но сега компанијата прво откри која е нивната иднина.

Плановите ги објави Јирген Шакман, кој е одговорен за продажбата, маркетингот и сервисирањето во „Volkswagen“. Топ-менаџерот откри дека првиот електричен автомобил за Европа ќе биде хечбек, а за САД е кросовер. Се очекува дека уште два моментални модели ќе бидат достапни на пазарите преку барата – „I.D. Lounge“ и „I.D. AEROe“. Тие се уште не се прикажани, но се вели дека се седан и спортско купе.

Самиот Шакман ја потврди премиерата, која најверојатно ќе биде презентирана на саемот Детроит во јануари. Овој модел ќе го замени производот „Phaeton“ и ќе биде поставен како директен конкурент на „Tesla Model S“.

Последен од сите – во 2022-ра, ќе биде „I.D. BUZZ“. Сите модели ќе бидат изградени на новата платформа „MEB“, која овозможува моторот да биде поставен на секоја оска. „Volkswagen“ планира да продаде 1 милион автомобили годишно во 2025-та година.

© ЖУРНАЛ    ~126,42

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.