Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

„Полноќни огномети“ - новогодишен гала-концерт на Македонската филхармонија

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Култура

„Полноќни огномети“ - новогодишен гала-концерт на Македонската филхармонија
_4411.jpg

Македонската филхармонија со огромно задоволство го најавува Новогодишниот гала-концерт под наслов „Полноќни огномети“, кој ќе се одржи на 28 декември (четврток) во голамата сала на Македонската филхармонија во 20 часот. По неколку години пауза, Македонската филхармонија конечно го враќа овој музички настан кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.

Новогодишниот гала-концерт овој пат ќе понуди поинаква програма од вообичаената. Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура на автори како Пјацола и неговото „Адиос Нонино“, Монкајо со „Хуапанго“, Маркез со „Данцон бр.2“, Бизе со Арија наЕскамијо од операта „Кармен“, Пучини со aрија на Музета од операта „Боеми“, Гуно со aрија на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, Лара со „Гранада“ итн. Се разбира, неизбежни се валцерите„Пролетни звуци“,„Виенски бонбони“,„Виенска крв“,„На убавиот син Дунав“, или„Џокеј полка“, „Египетски марш“...

Концертот ќе го диригира славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел, а како солисти ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата - Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.
 

 25.12.2017, 11:22  | A.Z. | 186

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

26424
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.