МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Култура
„Каде се подароците?“ - симфониски концерт за деца

„Каде се подароците?“ - симфониски концерт за деца

петок, 22 декември 2017, 12:50ч.   |   A.Z.

Утре (сабота) со почеток во 12 часот во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи традиционалниот симфониски концерт за деца, овој пат под наслов „Каде се подароците?“. Диригент е маестро Борјан Цанев, а како аниматор ќе учествува актерот Мартин Јордановски, миленикот на детската публика. Ќе бидат изведени композиции од Морис Равел, Јохан Штраус и Едвард Елгар.
Најмладите ќе имаат можност да уживаат во приказната за едно џуџе, испратено од Дедо Мраз, кое по пат ги загубило подароците кои требало да им ги подели на децата. На крајот подароците ќе бидат пронајдени кај 12 мали змејчиња...
Македонската филхармонија, на 28 декември, ќе го одржи и традиционалниот Новогодишен гала-концерт, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел и Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, баритон како солисти.
 

© ЖУРНАЛ    ~304,102

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Јубилеј на музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга
Промоција на „Хрониките на Арслан Новинарски“ во МКЦ
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.