Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

САД и ЕУ се вратени на сцената, сега Македонија се враќа на автопатот

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Македонија

САД и ЕУ се вратени на сцената, сега Македонија се враќа на автопатот
_4380.jpg
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон

Сите активности на високата претставничка на ЕУ Фредерика Могерини, и вопшто на институциите на Унијата за Западен Балкан се интензивираат. Дефинитивно, средбата во Брисел е чекор кон поизвесна интеграција на земјите во ЕУ. Брзината е веќе релативна работа - она што е брзо или реално за ЕУ може да не биде доволно брзо за нашите очекувања, вели за Журнал.мк, Малинка Јорданова од Институтот за европсски политики во контекст на средбата на премиерите од Западен Балкан со Могерини.

Според неа најбитно е државите на ЕУ да покажат конкретна посветеност за проширувањето кон Западниот Балкан со поставени цели и датуми.

-Вратени се и ЕУ и САД на сцената, но треба и државите од регионот да се вратат во реформска форма. Македонија е очигледно на добар пат во тоа, смта Јорданова.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со премиерите на петте останати држави од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина), присуствуваше на неформалната работна вечера што ја организираше високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.

-Една од заедничките констатации на лидерите од регионот и на еврокомесарката Могерини, е оценката дека 2017 година, е година на успех за регионот Западен Балкан. Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија, соопшти владината прес служба.
На средбите било констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области.

На заедничката работна вечера на лидерите на земјите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, премиерот Заев ја потврдил посветеноста на Македонија кон остварувањето на реформите во правосудството, безбедноста и јавната администрација, како и решавање на сите отворени прашања со соседите.

Премиерот Заев исто така нагласи дека Република Македонија очекува свое место во Стратегијата за проширување на ЕУ која ќе биде објавена во февруари 2018 година, од која се очекува да биде инклузивна, амбициозна, предвидлива и иновативна во својот пристап.

-Лидерите на земјите од Западен Балкан на оваа средба со Могерини ги истакнале и придобивките од паралелните проекти кои ги забрзуваат европските интеграции на земјите од регионот во рамките на иницијативата Берлински процес, и посебно Самитот во Трст во јули оваа година. Проектите договорени на овој самит, особено во делот на економското, енергетското и инфраструктурното поврзување, се од особено значење за приближување до стандардите на земјите од Западен Балкан до оние на ЕУ. Лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави од регионот во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, се вели во соопштението.

 

 19.12.2017, 09:55  | A.Z. | 138

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5578
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.