Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Се пополнуваат амбасадорските фотељи, новите амбасадори наскоро на владина седница

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Македонија

Се пополнуваат амбасадорските фотељи, новите амбасадори наскоро на владина седница
_4376.jpg

Македонија подолго време нема амбасадорориво неколку европкси метрополи. Медиумите пишуваат за договор меѓу претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев на која е разговарано на оваа тема. Од Владата не ја потврдуваат оваа информација.

Сепак неофицијални владини извори велат дека се очекува на оваа тема да се разговара на некоја од следните владини седници.

Неофицијално по една година конечно и Македонија ќе добие амбасадор во Брисел. Имено, Валадата и претседателот Иванов се договориле тоа да биде дипломат од кариера. Освен во Брисел, пополнети ќе бидат и уште 7 амбасади, меѓу кои тие во Лондон и Париз.

Дел од медиумите пак ги објавуваа и имињата. Според информациите на Експрес.мк во Подгорица заминува досегашниот директор за организациони прашања Михајло Трпковски кој на таа позиција беше три месеци. Трпковски е дел од Синдикатот на МНР кој што беше жесток критичар на предходната влада. Трпковски ги има исполнето условите за пензија но го искористил правото да го продолжи работниот однос.
Во Лондон заминува Александра Миовска, дипломат од кариера која што беше во трите последни кабинети на министрите Милошоски, Попоски и Димитров. Миовска важи за еден од најспособните дипломати во МНР а на последната средба за името во Брисел го придружуваше преговарачот Васко Наумовски.

Во главниот град на Швајцарија заминува Кенан Рамадани кој предходно бил на поширока листа за амбасадори а во моментов е директор во протоколот на МНР.

Македонија во седиштетот на ЕУ во Брисел ќе ја претставува Агнеза Руси која што беше шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи Попоски а е најзаслужна за визната лоберализација добиена во 2009 година.

Во Букурешт заминува Габриел Атанасовски сеуште е вршител на работите во амабсадата во Париз, откако од таму беше вратен Агрон Буџаку.
Рамадан Назифи е изборот на владата и претседателот за Брисел во Кралството Белгија а најмалку познато име на листата е Јадранка Чаушевска која што заминува за Париз.

Во Норвешка во амбасадата во Осло заминува Серџим Мухамед.

Според информациите од МНР, од вкупно 57 дипломатско-конзуларни претставништва, во моментов без амбасадори се 20, а во првата половина од наредната година им истекува мандатот уште на 15. Редоследот на пополнување на амбасадорските места, според извори од МНР, ќе зависи од приоритетите и од потребите на земјата. Во моментов од околу 440 вработени во МНР, две третини се во Скопје, а само третина во претставништвата. Интенцијата е соодносот да се изедначи, односно половината од кадарот да биде испратен во странство.

Диплоамтите коментираат дека договорот Иванов-Заев ја заобиколува процедурата, но дека очигледно Заев сака да покаже дека во овој период на забрзан пат кон НАТО и ЕУ не смее да нема дипломати во амбасадите.

-Со ова се ублажува кризата која постоеше во постапката именување диломати и ова е добар чекор, коментира поранешниот амбасадор Алајдин Демири.

Инаку откако ДУИ пред четири години излезе со став дека не го признава Иванов како претседател, Иванов немаше одобрено во амбасадорски редови да замине Албанец.
 

 18.12.2017, 13:11  | A.Z. | 604

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

23680
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.