Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Македонија

Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
_4373.jpg

Иницијативата на Фредерика Могерини, високата претставничка на ЕУ, е чекор напред кон приблиќување на државите од Западен Балкан кои се надвор од евроатлантските структури, коментираат аналитичарите во контекст на третата средба на премиерите од државите на Западен Балкан со Могерини што ќе се одржи во Брисел.

-Сите овие активности како од страна на Владата така и на ЕУ може да придонесат за побрзо интегрирање зошто претходно бевме оддалени од овие процеси. На вакви средби обично се даваат инструкции за тоа како да постапуваат државите на патот кон Европската унија, вели Беса Кадриу од Универзитетот на Југоситочна Европа.

Ова е начин според неа, да се помогне на државите директно преку помош во спроведување на реформите.

Премиерот Зоран Заев заедно со премиерите од земјите од Западен Балкан вечер во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.

На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини ќе стане збор за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата.

- Европската унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно, се наведува во соопштението од ЕУ.

Овој неформален состанок претставува продолжување на разговорите на високата претставничка Могерини со балканските лидери од мај годинава, кога таа, исто така, ги собра на неформална работна вечера.

Се очекува за време на работната вечера да стане збор за стратегијата, која Европската комисија ја подготвува за февруари, а која треба да ги даде насоките за пристапување на Србија и Црна Гора во ЕУ до 2025 година, како и за идните чекори што на патот кон ЕУ ги очекуваат Албанија, Македонија, БиХ и Косово.

Пред работната вечера се очекува премиерите од земјите од Западен Балкан да одржат билатерални средби.

 

 18.12.2017, 10:47  | A.Z. | 75

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

23285
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.